Дома Трансфер зона Турците тврдат: Серхио Рамос денес прави изненадувачки трансфер

Турците тврдат: Серхио Рамос денес прави изненадувачки трансфер

Прославениот шпански дефанзивец и легендарен капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос e пред трансфер во Галатасарај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Истанбул вчера ги израдува навивачите со победа над Олимпија и пласман во плеј-офот за Лигата на шампионите, а денес би можел да добие големо засилување.

Турските медиуми пренесуваат дека Серхио Рамос ја прифатил понудата на Галатасарај од 5,5 милиони евра за договор на една година.

Според најавите 37-годишниот шпански дефанзивец денес треба да потпише договор на една година со можност за продолжување на уште една.

Серхио Рамос, откако помина 16 сезони во Реал Мадрид и освои 22 трофеи, последните две години ги мина како член на Пари Сен Жермен, со кој освои две титули во францускиот шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…