Дома Фудбал Навивачите можат да слават: Лапорта го реши големиот проблем на Барселона

Навивачите можат да слават: Лапорта го реши големиот проблем на Барселона

Навивачите на Барселона можат да здивнат Илкај Гундоган, Ињиго Мартинез и Ориол Ромеу ќе бидат регистрирани и Чави ќе може да смета на нив уште во првото коло.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонците овој проблем го надминаа откако потврди дека нов стратешки партнери на клубот се „LIBERO football finance AG“ и „NIPA Capital B.V.“ кои одлучиле да вложат 120 милиони евра.

За Барселона ова е голема финансиска инјекција од германската и холандската компанија, па така Жоан Лапорта продолжува со економското стабилизирање на клубот кој го преземе додека беше во тешка состојба.

Барселона минатата година направи низа рефинансирања и продаде дел од акциите, па клубот успеа некако нормално да функционира. Шпанскиот шампион сезоната ќе ја започне со гостувањето во Мадрид против Гетафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој во групата на Мундијалот нема да патува повеќе од Босна!

Престојното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, што значи де…