Дома Фудбал Ситуацијата во Барселона е сериозна, Каталонците имаат само 13 регистрирани играчи

Ситуацијата во Барселона е сериозна, Каталонците имаат само 13 регистрирани играчи

Остануваат само неколку дена до стартот на сезоната во Ла Лига, а Барселона има големи проблеми околу тимот.

Каталонците во моментов имаат само 13 регистрирани играчи и се уште не успеваат да најдат начин да ги регистрираат новите договори на Гави, Араухо, Инаку Пења, Маркос Алонсо, Сержи Роберто како и новите засилувања, Гундоган, Иниго Мартинес и Риол Ромеу.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено регистрацијата на последните тројца може да се покаже како најголем проблем. Гундоган во  договорот со Барселона има услов дека може да го раскине ако не биде регистриран за Ла Лига пред 12 август.

Барселона е во трка со времето бидејќи првенството почнува за неколку дена и доколку не успее да го регистрира Гундоган до тогаш ќе следи раскин на договорот.

Германецот се уште има доволно време да си најде нов клуб доколку го раскине договорот со каталонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…