Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака беше пред трансфер во Интер, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Аталанта.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Скамака со настапите во Сасуоло се етаблираше во еден од најголемите таленти на Апенините, но во Премиер лигата не можеше да се адаптира.
Вест Хем е спремен да го продаде, а и самиот Скамака сака да се врати во Серија А.
„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач откако пропадна трансферот на Лукаку, па се насочија кон Скамака и преговорите се во напредна фаза.
Меѓутоа, Аталанта се вклучи во трката и понуди повеќе од Интер, па сега „нероаѕурите“ мора да ја израмнат понудата или напаѓачот ќе се пресели во Бергамо.