Дома Фудбал Англија Понижување кое никој не го заслужува, па ни Хари Мегваер: Изјава која му го „скрши“ срцето

Понижување кое никој не го заслужува, па ни Хари Мегваер: Изјава која му го „скрши“ срцето

Ерик тен Хаг реши летово да му ја одземе капитенската лента на Хари Мегваер и да го назначи Бруно Фернандес за нов капитен.

Мегваер беше навистина потресен од таа одлука, но кога ќе види што мислат неговите соиграчи за сето ова, ќе сфати во каков клуб се наоѓа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Веќе неколку сезони, Мегваер беше жестоко критикуван од навивачите на Манчестер Јунајтед бидејќи речиси и да немаше натпревар на кој тој одигра без значајна грешка.

Капитенската лента му ја подари Оле Гунар Солскјаер, а Тен Хаг не сакаше да ја смени кога првпат пристигна во клубот. Меѓутоа, кога виде дека Мегваер ова лето не е вистински лидер, мораше да го промени тоа.

Тен Хаг му рекол на Мегваер дека повеќе не е капитен и му ја дал капитенската лента на Бруно Фернандес. Мегваер беше многу погоден од ваквата одлука и не криеше колку е разочаран, но рече дека не се откажува и дека сака да се докажува во новата сезона.

Но, тоа што и неговите соиграчи кренаа раце на него најдобро покажа изјавата на левиот бек Лук Шо.

Од Шо беше побарано да го коментира фактот дека за нов капитен е избран Бруно Фернандеш, а неговата изјава остави најдобар впечаток на Мегваер за тоа како се чувствува во соблекувалната на Манчестер Јунајтед.

„Минатата сезона веќе го гледавме Бруно како наш капитен, покрај Хари. Тој е вистински лидер и има таков став што секако може да му помогне на остатокот од тимот. Тој заврши одлична работа како капитен минатата сезона, и мислам дека ова е вистинската одлука“, рече Шо.

Што се однесува до Мегваер, јасно е дека многумина се надеваат на негово заминување од Јунајтед, но се чини дека тој не сака да си оди.

Летово го поврзуваат со Вест Хем кој покажа огромен интерес за него, но јасно кажа дека не го интересираат понуди и дека единствена цел му е да остане во Манчестер Јунајтед.

Сигурно голема улога играат и парите бидејќи ретко кој друг би му ја дал платата која моментално ја заработува на Олд Трафорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…