Дома Топ вести Постигнат договор: Тен Хаг го добива посакуваниот напаѓач

Постигнат договор: Тен Хаг го добива посакуваниот напаѓач

Манчестер Јунајтед постигна договор со Аталанта за трансфер на младиот напаѓач, Расмус Холунд, пренесуваат медиумите на Апенините.

Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок беше нов напаѓач, а најголема желба на Тен Хаг е токму Хојлунд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


19-годишниот Данец одигра одлично во првата сезона во Серија А, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.

Аталанта ги одби првите две понуди, но „црвените ѓаволи“ не се откажаа и конечно постигнаа договор за трансфер тежок 60 милиони евра плус 10 милиони како бонуси.

Хојлунд веќе има договор со Манчестер Јунајтед и ќе стави потпис на 6-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…