Дома Топ вести Милан ги решава проблемите на Кавани: „Росонерите“ го сакаат Уругваецот!

Милан ги решава проблемите на Кавани: „Росонерите“ го сакаат Уругваецот!

Едисон Кавани и Нејмар влегоја во жестока расправија, па се погласни се шпекулациите дека Уругваецот уште во јануари ќе го напушти „Паркот на Принцовите“.

Иако медиумите шпекулираа дека Кавани би можел да се пресели во Реал Мадрид, сепак „кралевите“ имаат намера да купуваат помлади фудбалери, па Уругваецот би можел да се врати во Серија А.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Раи Спорт“ пренесува дека Милан покажува сериозен интерес да го донесе на „Сан Сиро“ 30-годишниот напаѓач кој и понатаму е во неверојатна голгетерска форма.

Милан потроши многу пари ова лето, донесе двајца напаѓачи, но сака да донесе една голема ѕвезда, па нема да жали пари на Кавани.

„Росонерите“ сакаат да ја искористат моменталната ситуацуја во ПСЖ, а медиумите пренесуваат дека се спремни да му понудат на Уругваецот 8,5 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Сепак, Милан ќе мора да се избори со жестока конкуренција, бидејќи за Кавани силен интерес покажуваат и англиските клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…