Иако веќе помина една недела конфликтот на релација Нејмар – Кавани сеуште е актуелен, а сега во јавноста излезе капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва со своја изјава.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Да потсетиме, Нејмар побара од Кавани од го шутира пеналот против Лион, но Уругваецот не дозволи. ПСЖ во тој натпревар славеше со 2:0, а во последниот натпревар од француското првенство против Монпелје „Светците“ одиграа само 0:0, во овој натпревар не настапи Бразилецот, Нејмар.
Веднаш по овој натпревар капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва кој спречил поголем конфликт помеѓу Нејмар и Кавани имаше порака за Уругваецот.
„Имав разговор со Кавани и му кажав дека изведувач на следниот пенал ќе бидам јас“, изјави Силва.