Дома Трансфер зона Интер тргнува по Скамака

Интер тргнува по Скамака

Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака минатото лето се пресели во Вест Хем, но може експресно да се врати во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скамака со настапите во Сасуоло се етаблираше во еден од најголемите таленти на Апенините, но во Премиер лигата се уште не може да се адаптира.

Милан и Рома веќе подолго време покажуваат интерес, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Интер.

„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач откако пропадна трансферот на Лукаку, а една од најголемите желби е токму Скамака.

Вест Хем за слободата на Италијанецот бара 30 милиони евра, а Интер ќе се обиде преку преговори да ја намали таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…