Дома Трансфер зона Играше осум години во Јувентус, а сега се сели во Интер

Играше осум години во Јувентус, а сега се сели во Интер

Пред 20-тина дена Јувентус се раздели со Хуан Квардадо, а сега Колумбиецот е пред потпис со еден од најголемите ривали на клубот од Торино.

Како што пренесуваат Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, Квардадо ќе остане во Италија и ќе го облече дресот на Интер. Осум години го носеше дресот на Јувентус, па сигурно нема да добие добар пречек кога со Интер ќе гостува во Торино.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во кариерата претходно, Квардадо играше за Челзи, Фиорентина, Лече, Удинезе и Индепендиенте од Меделин. Meдицинските прегледи во Милано за фудбалерот се закажани за во текот на утрешниот ден.

Според најавите, Квардадо ќе потпише договор на една година. Интересно е што овој трансфер доаѓа по најавите дека Ромелу Лукаку би можел да го облече дресот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…