Дома Македонски спорт Фенербахче го сака Етеми, Истанбулспор ја одреди цената

Фенербахче го сака Етеми, Истанбулспор ја одреди цената

Репрезентативецот на Македонија Валон Етеми кого турските медиуми претходно го поврзуваа со Трабзонспор, сега наводно е на мета на Фенербахче.

Според информациите од Турција, Фенербахче е сериозно заинтересиран за доведување на Етеми, но се додава дека тој не им е приоритетно засилување. Прва мета за Фенер е Диего Роси, но Етеми би бил многу поевтина опција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во изминатата сезона, Етеми во дресот на Истанбулспор постигна 12 гола и додаде четири асистенции, за него ова беше дебитантска сезона во турската елита.

Истанбулспор не сака да се откаже од неговите услуги, па бара сума од два милиони евра колку што е проценет на „Трансфермаркт“. Во последната сезона дел од Фенербахче беше Езгјан Алиоски кој се врати во Ал Ахли по истекот на позајмицата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Билбао

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Ни…