Дома Фудбал Италија Јувентус го избра новиот капитен

Јувентус го избра новиот капитен

Леонардо Бонучи (36) и Јувентус се разделуваат ова лето и тоа ќе биде второ заминување за Италијанецот од „старата дама“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По долги 13 години во кои една сезона помина во Милан, Алегри повеќе не смета на искусниот дефанзивец кого го „отпиша“ на една година пред истекот на договорот. Бонучи нема да патува ниту на летната турнеа во САД пред почетокот на сезоната.

За италијанскиот дефанзивец заинтересирани се Фенербахче и Лацио, а сега се поставува прашањето кој ќе биде нов капитен на ЈУвентус.

Одговорот е Данило, поливалентен дефанзивец кој во таа улога често беше кога Бонучи не играше, но сега ќе биде капитен независно кој е на теренот. Данило во Јувентус стигна од Манчестер Сити во 2019-та година и набрзо стана важен член од екипата и кај Алегри ужива посебна доверба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пропадна планот на Серхио Рамос за преземање на Севиљa. “Најлошата понуда досега”

Планот на Серхио Рамос (40) за преземање на Севиља целосно се урна откако легендата на Реа…