Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Вардар ги повика македонските компании: Станете дел од нова голема спортска приказна!

ФК Вардар ги повика македонските компании: Станете дел од нова голема спортска приказна!

ФК Вардар продолжи со кампањата за обезбедување егзистенција и настап во Првата македонска фудбалска лига.

Денес црвено-црните се обратија до компениите во Македонија и ги повика да станат дел од креирање на една нова историја.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Во текот на вчерашниот ден испративме барање за соработка до стотици големи македонски компании, а во деновите што претстојат ќе испратиме уште илијадници понуди.

Во моментите, кога клубот е во крајно незавидна финансиска ситуација, народот е единствениот негов финансиер. Па затоа, како што тропнавме на вратите на надлежните институции, така ве каниме и вас.

Ви нудиме искрена и транспарентна соработка, и можност заедно со нас и народот, да бидете дел од создавањето на една голема спортска приказна.

ФК Вардар е најголемиот македонски фудбалски клуб, кој со својата историја и симболика е најдобра реклама за сите нас.

Се надеваме на брз позитивен повратен одговор, а ние ќе се погрижиме сите оние кои ќе застанат заедно со нас во одбраната и воздигнувањето на клубот на народот, да бидат препознаени како позитивни општествени чинители

Вашето место, како важни општествени чинители е тука – заедно со нас и народот.

Не чекајте да ве контактираме, доколку сте заинтересирани за соработка можете да не контактирате на: [email protected]“, објавија од Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…