Сергеј Милинковиќ-Савиќ е пред трансфер во Ал-Хилал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
28-годишниот фудбалер во Саудиска Арабија годишно ќе заработува 20 милиони евра, а Лацио за трансферот ќе добие помеѓу 40 и 50 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито во минатото имал можност да го продаде Србинот за повеќе од 100 милиони евра, но не се кае што ја одбил понудата.
„Вистина е дека во 2018 година решив да ја одбијам понудата на Милан од 140 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ. Тоа беше 60 милиони евра плус дополнителни 80 милиони евра преку пет рати во случај на квалификации во Лигата на шампионите. Денеска не жалам за овој мој избор“, откри Лотито.