Дома Фудбал Италија Лотито: Милинковиќ-Савиќ ме молеше да го пуштам, во Арабија оди поради пари

Лотито: Милинковиќ-Савиќ ме молеше да го пуштам, во Арабија оди поради пари

Сергеј Милинковиќ-Савиќ донесе изненадувачка одлука да ја прифати понудата на Ал-Хилал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

28-годишниот фудбалер имаше многу понуди, но прифатил 25 милиони евра годишна плата и подготвен е да се пресели во Саудиска Арабија.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ги потврди преговорите и откри дека Милинковиќ-Савиќ го замолил да го пушти.

„Во моментов ништо не е завршено и потпишано. Постои богата понуда за играчот и не толку бодата за клубот, околу 50 милиони евра. Играчот побара да си замине после осум години во Лацио. Тој ми рече дека не е проблем до парите, туку до мотивацијата. Ако отиде во Саудиска Арабија значи мотивацијата доаѓа од парите“.

„Се обидов да го задржам и му понудив нов договор. Но тој ми кажа дека сака да си оди и ме замоли да го пуштам. Што можам да направам? Јас сум во добри односи со него и во крајна сметка играчот сам одлучува за својата иднина“, изјави Лотито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Исчезна внука на познат српски тренер, полицијата насекаде ја бараше пет дена

Внуката на поранешниот српски фудбалер и тренер Драгослав Степановиќ неодамна исчезна во Г…