Дома Топ вести Зидан пронајде ИДЕАЛНО засилување во Ливерпул!

Зидан пронајде ИДЕАЛНО засилување во Ливерпул!

Реал Мадрид лошо ја отвори сезоната во Примера, а причина за слабите резултати се повредите и суспензиите со кои се соочи тимот на Зидан на почетокот на сезоната.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а на радарот на „кралевите“ се најде ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Брзоногиот офанзивец на „црвените“ оваа сезона игра фантастично и ја презеде лидерската позиција во тимот. Постигна три гола во Премиер лигата и минатиот месец беше прогласен за играч на месецот.

Зидан смета дека Мане ќе биде идеално засилување за неговиот тим, но прашање е колку е реални Сенегалецот да го напушти „Енфилд“ на средина од сезоната.

Мане е еден од најважните играчи на Клоп, па Ливерпул сигурно нема лесно да се откаже од него, па ќе се обиде да одолее на сите понуди од „кралевите“.

Останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата, но од минатото научивме дека кога Реал нешто сака, претежно тоа и го добива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…