Сергеј Милинковиќ-Савиќ донесе изненадувачка одлука да ја прифати понудата на Ал-Хилал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
28-годишниот фудбалер имаше многу понуди, но прифатил 25 милиони евра годишна плата и подготвен е да се пресели во Саудиска Арабија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ги потврди преговорите и откри дека Милинковиќ-Савиќ го замолил да го пушти.
„Во моментов ништо не е завршено и потпишано. Постои богата понуда за играчот и не толку бодата за клубот, околу 50 милиони евра. Играчот побара да си замине после осум години во Лацио. Тој ми рече дека не е проблем до парите, туку до мотивацијата. Ако отиде во Саудиска Арабија значи мотивацијата доаѓа од парите“.
„Се обидов да го задржам и му понудив нов договор. Но тој ми кажа дека сака да си оди и ме замоли да го пуштам. Што можам да направам? Јас сум во добри односи со него и во крајна сметка играчот сам одлучува за својата иднина“, изјави Лотито.
Lazio president Lotito: “Milinković Savić has asked me to leave the club, he only wants to leave. Ask him if he’s going to Saudi…”, told Tg24 🇸🇦🇷🇸
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 10, 2023
“Al Hilal? We’re waiting for formal and official documents. Deal is done when documents are signed. The proposal is below €50m”. pic.twitter.com/S5qHHaqC3e