Дома Останати Mozzart награди талентирани млади спортисти – пет кошаркари од ИБА одат на кампот Академија Ребрача во Златибор 

Mozzart награди талентирани млади спортисти – пет кошаркари од ИБА одат на кампот Академија Ребрача во Златибор 

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа уште еднаш покажа дека е секогаш тука кога станува збор за развој на спортот и поддршка на спортистите во Македонија.

Благодарение на Mozzart пет млади кошаркари кои се дел од интернационалната кошаркарска академија – ИБА,ќе имаат можност бесплатно да присуствуваат на кампот на Академијата Ребрача во Златибор.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Младите спортисти кои сонуваат да тргнат по стапките на познатиот Жељко Ребрача и да научат кошаркарски вештини од нивниот идол, конечно добија можност да ги исполнат своите соништа.

На отворениот час по кошарка, голем броој млади таленти ги покажаа своите кошаркарски способности, по што петте најдобри беа одбрани и наградени со бесплатно учество на летниот камп на Златибор.

Основачот на Интернационалната кошаркарска академија – ИБА, Владимир Мирковски ги набљудуваше младите играчи,а по тренингот, тој ги одбра петте најдобри, кои ќе ги усовршат своите кошаркарски способности на кампот во Златибор. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Фјури со тешки обвинувања: Усик победи затоа што Украина е во војна

Олександар Усик е новиот светски шампион во бокс, откако во голема борба го победи Тајсон …