Дома Останати Доминација! Александар Волкановски со нокаут во третата рунда го одбрани шампионскиот појас во УФЦ!

Доминација! Александар Волкановски со нокаут во третата рунда го одбрани шампионскиот појас во УФЦ!

Александар Волкановски синоќа покажа дека е еден од најдобрите УФЦ борци на планетата.

Иако е познат квалитетот на Хаиро Родригез, немаше дилема синоќа во Лас Вегас, шампионот со нокаут во третата рунда му ги сруши соништата на Мексиканецот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Македонскиот борец покажа дека е далеку подобар од противникот.

Родригез не успеа да удри ниту еден од неговите познати удари, па серијата удари на Волкановски по телото, а потоа бруталната завршница ги принуди судиите да го запрат натпреварот.

Во првите две рунди Волкановски дојде до предност, го измори мексиканскиот борец и на крајот беше видена логична завршница.

Австралиецот со македонско потекло е незапирлив во перо категорија и ова е негова петта успешна одбрана на појасот во таа категорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Скандал: Уапсен најдобриот голфер во светот🎥

Најдобриот голфер во светот Скоти Шелфер бил уапсен, пренесуваат светските медиуми. Шелфер…