Паоло и Синиша, како што рече вдовицата на Роси, Федерика, и денес живеат во нашите срца и во целиот свет.
А што постигнаа двајцата починати легендарни фудбалери во кариерата може да се види во Музејот на применета уметност во Белград.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Изложбата „Во спомен на Роси и Михајловиќ“ беше отворена синоќа и ќе трае до 3 август. На изложбата може да се видат бројни трофеи, дресови, топки, копачки, фотографии и други предмети на двајцата асови, како што е „Златната копачка“ на Роси од Светското првенство во Шпанија во 1982 година. Има и предмети од нивните соиграчи.
Сепак, една изложба привлече најголемо внимание. Најемотивната… Станува збор за врамена фотографија на Миха во дресот на Југославија кон која било пукано! Описот вели:
Еден од најдобрите пријатели на Синиша пукал во неговата слика во Борово, Хрватска, каде што е роден Синиша, по што семејството побегнало во Белград во 1991 година, кога 200.000 Срби морале да ја напуштат Хрватска.
Познатиот српски фудбалер во интервју раскажа што се случило таму и како Стипе влегол во неговата куќа и пукал во сликите пред родителите.
Тоа е малку подлабока приказна, куќата ми ја сруши мојот најдобар пријател Хрват. Се дружевме, одевме заедно на плажа, јас спиев кај него. Кога започна таа војна, сите знаеја дека сме најдобри пријатели. Во тоа време играв во Звезда. Тој дојде кај мене дома и им рече на моите родители дека треба да ја напуштат куќата. Не го сфатија сериозно. Потоа дојде по втор пат со уште двајца и пукаше во моите слики, мајка ми имаше слики од освојувањето на Купот на шампионите, тој ги пукаше. Тие потоа виделе дека не е шега и побегнале, а потоа ја демолирал куќата.
А Синиша, му прости на Стипе за пукањето. Како што еднаш истакна во својата автобиографија, тоа го направил во Загреб на првата средба меѓу Хрватска и СР Југославија по војната.
- Ми призна дека ја запалил куќата, но и ги спасил моите родители. Му простив – рекол Миха.