Легендарниот Џанлуиџи Буфон на 46 години доби огромна понуда од Саудиска Арабија и има намера да ја прифати.
Славниот Италијанец планираше да се пензионира на крајот на оваа сезона, но понудата која пристигна едноставно не можеше да се одбие.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Славниот Џанлуиџи Буфон најверојатно нема да ја заврши кариерата и по оваа сезона. Иако има 46 години, легендарниот Италијанец најверојатно сепак ќе гледаме на теренот.
По завршувањето на минатата сезона, Џиџи планираше да се збогува со Парма. Сепак, неодамна доби голема понуда од Саудиска Арабија која го предомисли и најверојатно ќе продолжи да брани.
Понудата што ја доби беше едноставно невозможно да се одбие. Богатите Арапи му нудат двегодишен договор вреден 30 милиони евра.
Конечната одлука ќе ја соопшти во наредните денови. Нема да биде изненадување ако ја прифати понудата, бидејќи таквата бројка едноставно не се одбива во доцните играчки години.