ПСЖ покажува силен интерес за Осман Дембеле и е спремен да ја плати откупната клаузула, пренесуваат француските медиуми.
Дембеле има договор со Барселона само за уште една сезона, а во него има откупна клаузула од 50 милиони евра, што е скромна сума за таков фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тешките финансиски услови Барселона не може да му понуди зголемување на платата, па преговорите помеѓу двете страни се прекинати.
ПСЖ ќе се обиде да го доведе во своите редови, бидејќи иднината на Мбапе е неизвесна, а Луис Енрике е голем симпатизер на квалитетите на Дембеле.
ПСЖ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат што поскоро да постигнат договор со Французинот.
🚨 PSG are willing to pay Ousmane Dembélé's €50m release clause at Barcelona. Luis Enrique is a big admirer of the player.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 6, 2023
Barça want to extend his contract.
(Source: @Santi_J_FM) pic.twitter.com/ZLaHmGSYjY