Дома Фудбал Официјално: Пристигна и второто засилување за Барселона ова лето

Официјално: Пристигна и второто засилување за Барселона ова лето

Барселона утрово го потврди трансферот на Иниго Мартинез кој во редовите на Каталонците пристигнува како слободен фудбалер.

32-годишниот централен дефанзивец стави потпис на двегодишен договор со Барселона. Мартинез пристигнува како слободен фудбалер, а потекнува од академијата на Реал Сосиедад каде што и ја започна кариерата.

Во договорот со Барселона, Мартинез има откупна клазула од 400 милиони евра. Тој е второ засилување за Каталонците откако претходно пристигна Илкај Гунгодан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул сака да го врзе Нгумоха: И младиот талент е за останување

Рио Нгумоха е задоволен на „Енфилд“, а според Пит О’Рурк, постои заемна желба за нов долго…