Дома Фудбал Останато „Меси и Бускетс не доаѓаат на одмор во Мајами“

„Меси и Бускетс не доаѓаат на одмор во Мајами“

Аргентинецот, Херардо Мартино е нов тренер на Интер Мајами, а сега порача дека Лионел Меси и Серхио Бускетс не доаѓаат во САД на одмор, туку да освојуваат трофеи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси по завршувањето на договорот со Пари Сен Жермен каде што помина две години се одлучи да го напушти и европскиот фудбал.

„САД и Мајами се поврзуваат со одмор, но тоа не е тоа. Меси и Бускетс не доаѓаат тука да одмараат. Тоа што е најдобриот играч во светот одлучи да игра тука отвара голем простор за напредок“, изјави аргентинскиот тренер.

Мартино веќе соработуваше со Бускетс и Меси во Барселоа, а кратко го водеше Меси и во репрезентацијата на Аргентина. Ангажманот во МЛС нема да биде прв за него бидејќи во сезоната 2018 година работеше во Атланта Јунајтед и беше избран за тренер на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винисиус го прекрши правилото на ФИФА: Нема врска, ќе ја платиме казната! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Бразил играше нерешено 1:1 против Мароко на Светското првенс…