Дома Топ вести Готово: Брозовиќ ги прифати милионите од Арабија и замина во тимот на Роналдо

Готово: Брозовиќ ги прифати милионите од Арабија и замина во тимот на Роналдо

Крај на сагата околу иднината на Марсело Брозовиќ (30), кој дефинитивно се сели во Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот фудбалер сакаше да замине во Барселона, го сакаше и каталонскиот клуб, но на крајот финансискиот фер-плеј спречи се, па неодамнешниот првотимец на Интер ја прифати понудата на Ал Наср!

Искусниот играч за врска ќе стане соиграч со Кристијано Роналдо, ќе потпише тригодишен договор и ќе инкасира точно 100.000.000 милиони евра плата и бонуси. Тоа е пет пати повеќе отколку што заработуваше досега во италијанскиот клуб.

Иако трансферот беше најавен минатата недела, кога „неро-аѕурите“ ја прифатија понудата од 23 милиони евра за обештетување, се беше стопирано бидејќи Брозовиќ го чекаше актуелниот шпански шампион.

Имаше намера да продолжи да игра на Камп Ноу, а тренерот Чави Ернандез го гледаше како идеална замена за Серхио Бускетс.

Затоа Каталонците се обидоа да продадат некого до 30 јуни поради финансиски фер-плеј, кандидати беа Кеси, Торес, Фати, Ленгле, но ништо од тоа не се реализираше.

Кога загрепчанецот сфатил дека од Барселона нема ништо, прифатил да го облече дресот на Ал Наср. Една од клучните улоги во овој бизнис имаше неговиот сонародник Горан Вучевиќ, директор на клубот од Ријад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Хорор тврдења ја потресоа планетата: Мафијаши им се заканувале на фудбалери на СП!?

Со пораз од Мексико со резултат од 2:0, репрезентацијата на Еквадор го заврши своето учест…