Дома Македонски спорт Мак фудбал Брегалница се засили со играчи од Панама и Костарика

Брегалница се засили со играчи од Панама и Костарика

Фабрицио Де Јесус Бенегас од Костарика и Џамал Дикенс од Панама се двете нови засилувања за Брегалница.

21-годишниот Дикенс е централен дефанзивец, кој може да игра и на левата дефанзивна позиција, а во Брегалница доаѓа од редовите на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика, истиот клуб од каде доаѓа и Костариканецот Фабрицио Ванегас кој исто така денеска потпиша договор со Брегалница.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


24-годишниот Венегас ќе го засили офанзивниот среден ред и нападот на тимот и доаѓа од екипата на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика. Претходно во својата кариера има настапувано и за Санта Ана, исто така во костариканското првенство.

Претходно Брегалница се засили гоманот Мартин Давков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…