УЕФА му врачи суспензија од четири натпревари на Жозе Мурињо поради однесувањето кон судијата Ентони Тејлор по финалето од Лига Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Казната ќе ја одработи во новата сезона во која Рома повторно ќе игра во Лига Европа.
Рома исто така доби казна и тоа парична од 55.000 евра и забрана да продава влезници за првото гостување поради односот на италијанските навивачи во Будимпешта.
По мечот, Мурињо изјави дека Тејлор „изгледал како Шпанец“, а ден потоа, кога Тејлор и неговото семејство си заминуваа на аеродромот во Будимпешта беа нападнати од навивачите на Рома.