Дома Топ вести Вест Хем ја одби рекордната понуда за Арсенал за Даклан Рајс

Вест Хем ја одби рекордната понуда за Арсенал за Даклан Рајс

Вест Хем ја одби рекордната понуда на Арсенал во вредност од 90 милиони фунти, пренесуваат медиумите на Островот.

Англискиот репрезентативец е примарна трансфер цел на Арсенал, но Вест Хем не попушта и не сака да го пушти за помалку од 100 милиони фунти.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Рајс важи за еден од најбараните англиски фудбалери, клубовите од Манчестер исто така покажале интерес, а тој сигурно ќе го напушти Вест Хем на лето бидејќи влезе во последната година од договорот.

Арсенал испратил понуда од 75 милиони фунти која со бонуси може да достигне до 90 милиони. Меѓутоа, „чеканите“ ја одбиле и порачале дека нема да го пуштат за помалку од 100 милиони фунти.

Арсенал сигурно нема да се откаже и ќе продолжи со преговорите, бидејќи Рајс е најголема желба на Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…