Дома Трансфер зона Реал го претстави Хоселу, а навивачите една работа посебно ги израдува

Реал го претстави Хоселу, а навивачите една работа посебно ги израдува

Напаѓачот Хоселу е четврто засилување за Карло Анчелоти, 33-годишниот напаѓач денес беше промовиран за нов фудбалер на „кралевите“.

Трансферот беше најавен, меѓутоа на претставувањето привлече бројот кој го избра Хоселу. Иако „9-ката“ по заминувањето на Бензема остана слободна, напаѓачот се одлучи за бројот „14“, па навивачите се надеваат дека таа се чува за некое големо име.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


 „Сонував за ова од првиот ден кога го напуштив Реал, многу сум возбуден. Сакам да му се заблагодарам на Флорентино Перез, Хосе Анхел и Карло Анчелоти за укажаната доверба. Да се носи грбот на Реал Мадрид на градите е најголема чест која може да ја искуси една личност. Хала Мадрид“, порача Хоселу на претставувањето.

Навивачите го сонуваат Мбапе, но тој како што стојат работтие може да дојде наредното лето како слободен играч, додека на Реал потребно му е големо име во нападот и во овој преоден рок, опција е и Хари Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гризман може да замина за ситница

Антоан Гризман во својот договор има клаузула според која летово може да го напушти Атлети…