Дома Останати Кошарка НБА Никола Јокиќ и Денвер се шампиони во НБА! 🎥

Никола Јокиќ и Денвер се шампиони во НБА! 🎥

Кошаркарите на Денвер станаа шампиони во НБА лигата откако изминатата вечер со 94:89 го совладаа Мајами и така со вкупни 4:1 беа подобри во серијата.

Никола Јокиќ сосема заслужено го доби признанието МВП во финалето, а во вчерашниот натпревар голем удел дадоа Колдвел-Поуп и Брус Браун. Мајкл Портер Јуниор беше критикуван за учинокот во целата финална серија, но во овој натпревар постигна важни 16 поени, Мареј и Колдвел-Поуп имаа по 14, а Браун 10.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Јокиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл од 28 поени и 16 скокови. На спротвната страна Џими Батлер запиша 21 поен, а Бам Адебајо додаде 20 поени и 12 скока.

Вчерашниот натпревар беше неизвесен од почетокот до крајот и Мајами имаше предност во поголемиот дел од мечот. Водеа „жешките“ и во финишот со 89:88, но тогаш следуваше серијата од 5:0 на Денвер со која беше одлучен победникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Пикси го објави конечниот список: Ова се фудбалерите со кои Србија оди на ЕП

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси го објави списокот на фудбалери за Ев…