Фудбалската репрезентација на Македонија со натпреварот во петок против Украина го стартува овој репрезентативен прозорец во кој ќе играме уште и со Англија.
УЕФА веќе ги објави судиите за овој дуел, па главен на центарот во Скопје ќе биде Швајцарец. Станува збор за Лукас Фандрих од Луцерен кој во професионалниот фудбал суди од 2012 година, а со знакот на ФИФА е од 2020-та година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Негови помошници ќе бидат Александар Дидиќ и Еми Јонас, додека четврти судија е Стефан Де Алмеида сите доаѓаат од Швајцарија.
Прв натпревар на интернационалната сцена за Фандрих беше дуелот помеѓу Албанија и Сан Марино во 2021 година.
Покјрај дуелот со Украина, во понеделеник фудбалерите ќе гостуваат на Англија на „Олд Трафорд“. Во овие квалификации Македонија одигра еден натпревар во кој беше подобра од Малта со 2:1.