Атлетико Мадрид и Челзи се блиску до договор за трансфер на Диего Коста. „Јорганџиите“ ќе го добијат напаѓачот во јануари на позајмица, а следното лето ќе го откупат за 40 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.
Медиумите тврдат дека „сините“ веќе работат на неговата замена, а прво име е Едисон Кавани од ПСЖ. Уругваецот влезе во расправија со Нејмар овој викенд, а француските медиуми веднаш почнаа да пишуваат дека може да го напушти Париз уште во јануари.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Сепак, Челзи не е единствениот клуб кој е заинтересиран за Кавани. „Сините“ ќе имаат жестока конкуренција за неговиот потпис, но веќе спремиле огромна понуда за јануари.