Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ во сенка, но Денвер го дели само една победа од титула! 🎥

Јокиќ во сенка, но Денвер го дели само една победа од титула! 🎥

Tимот на Денвер дојде на само една победа од титулата во НБА лигата откако минатата вечер славеше со 95:108 и поведе со 3:1 во финалето од плеј-офот, па сега потребен им е само еден триумф.

Повторно важна улога имаа Никола Јокиќ и Џамал Мареј, но добија и поддршка од Арон Гордон и Брус Браун кои беа тука да реализираат во клучни моменти. Двајцата постигнаа по дури 27, одоносно 21 поен.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Јокиќ имаше најслаб ефект во споредба со досегашните натпревари во финалето и мечот го заврши со 23 поени, 12 скокови и 4 асистенции, Мареј имаше слаба реализација, но запиша дабл-дабл од 15 поени и 12 асистенции.

На почетокот на четвртата четвртина Јокиќ мнораше да остане на клупата поради петте лични грешки, домаќините дојдоа до минус пет, меѓутоа Денвер успеа да се извелече со помошта играчите од клупата и на крајот да слави за водство.

Најефикасни на спротивната страна беа Батлер со 25 и Адебајо со 20 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…