Сергеј Милинковиќ-Савиќ сигурно ќе го напушти Лацио на крајот на сезоната, а преферира да остане во Серија А.
Србинот одби да го продолжи договорот со Лацио бидејќи сака трансфер, а неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде.
Сега во трката за неговиот потпис се приклучи Интер, бидејќи СМС е голема желба на тренерот Инзаги за следната сезона.
Инзаги одлично го познава Србинот бидејќи заедно работеа во Лацио неколку години, а Интер е спремен да му ја исполни желбата и да понуди 25 милиони евра за неговиот потпис.