Фудбалерот за врска на Челзи, Матео Ковачиќ во текот ова лето како што стојат работите ќе го промени клубот, но ќе остане во Премиер лигата.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека репрезентативецот на Хрватска се договорил со Манчестер Сити и преостанува само уште клубовите да пронајдат заеднички јазик околу оштетата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според Италијанецот тоа би требало да се случи по утрешното финале во Лигата на шампионите помеѓу Сити и Интер.
Челзи е спремен да го продаде искусниот играч за врска, а и Ковачиќ е спремен за нов предизвик во кариерата, посебно по лошата сезона на„Стенфорд Бриџ“.
EXCL: Mateo Kovacić has now agreed personal terms with Manchester City after advanced talks already revealed last week 🚨🔵🇭🇷 #MCFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 8, 2023
Kovacić wants the move, next step has to be between clubs as Chelsea and City will discuss fee after the UCL final.
Chelsea, open to sell Kovacić. pic.twitter.com/PKdCHsEL9B