Дома Тенис Швјонтек против Мухова во финалето на Ролан Гарос

Швјонтек против Мухова во финалето на Ролан Гарос

Светската тенисерка број 1,Ига Швјонтек се пласираше во ново финале на Ролан Гарос, победувајќи ја Беатриз Хадад Маја со 6:2 и 7:6(7).

Швјонтек ќе се обиде да ја одбрани титулата во Париз против Чехинката Каролина Мухова, која претходно во три сета ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка.

Мухова, 43 тенисерка во светот, по три часа и 13 минути на големо изненадување ја победи Сабаленка, па во финалето влегува како аутсајдер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…