Фудбалската сезона заврши, преостануваат само уште финалињата во Конференциската лига и Лигата на шампионите, па полека се сумираат впечатоците од изминатата.
Играчот за врска на португалската репрезентација и Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш се фудбалерот со најмногу одиграни натпревари. Фернандеш сезоната ја заврши со 68 официјални натпревари клупски и репрезентативни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како и многу други врвни фудбалери тој беше дел од Мундијалот во Катар кој се одигра во текот на сезоната.
Помеѓу фудбалерите со најголем број настапи се уште: Лаутаро Мартинез, Родриго, Бернанрдо Силва, Лука Модриќ, Едуардо Камвинга…
ФУДБАЛЕРИ СО НАЈМНОГУ НАСТАПИ ВО ТЕКОТ НА СЕЗОНАТА
Бруно Фернандес – 68
Лаутаро Мартине – 66
Родриго – 65
Бернардо Силва, Лука Модриќ, Едуардо Камавинга – 64
Енцо Фернандез, Родри, Федерико Валверде – 63
Доминик Ливаковиќ, Винициус, Фреди Гондола – 62
Треба да се потсети дека оваа листа ќе има мали промени по одиграното финале помеѓу Интер и Манчестер Сити, но како и да е Бруно Фернандеш ќе остане на врвот.