Дома Македонски спорт Мак фудбал Десниќ и Жоглев најдобри стрелци, Размоски најдобар асистент: Во Вардар задоволни од успешната сезона

Десниќ и Жоглев најдобри стрелци, Размоски најдобар асистент: Во Вардар задоволни од успешната сезона

Со големата победа во Кавадарци во баражот за влез во ПМФЛ Вардар ја спушти завесата на турбулентната сезона 2022/23, една од најтешките во историјата на клубот.

Вклучувајќи го и баражот Вардар одигра вкупно 31 натпревар, победувајќи на 20, со 6 нерешени натпревари и 5 порази, со гол разлика од 58 дадени и 20 примени голови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобри стрелци се Дарио Десниќ и Владимир Жоглев со по 9 голови, највеќе асистенции имаат Дарко Размоски и капитенот Дарко Мицевски по 6, додека највеќе настапи забележа голманот Филип Гачевски вкупно 29.

Во купот на Македонија црвено-црните одиграа три натпревари, каде најмногу голови постигна Владимир Жоглев (3)

Во изминатата сезона шефот на стручниот штаб Бобан Грнчаров им даде шанса на вкупно 9 играчи од младинската академија на вардарци, при што Давор Серафимов одигра највеќе натпревари (23), а најмлад првотимец стана Марко Николовски роден во 2006-та година

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…