Tимот на Челзи денес го назначи Американецот, Крис Јурасек за нов извршен директор, а претседателот задолжен за секојдневни операции Том Глик би требало да го напушти клубот по помалку од една година на таа позиција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во својата прва сезона откако Боели го презема клубот, тимот заврши на 12-тото место во Премиер лигата и во наредната сезона тренер ќе биде Аргентинецот, Маурисио Покетино.
„Воодушевен сум што се придружив на Челзи, клуб кој се сака и следи во целиот свет“, изјави Јурасек по промоцијата.
Претходно овој месец „Гардијан“ објави дека Челзи ангажирал адвокатска фирма да истражи дали Глик постапувал исправно со агентите на фудбалерите.