Дома Македонски спорт Мак фудбал На ФК Вардар му помага и Општина Ѓорче Петров!

На ФК Вардар му помага и Општина Ѓорче Петров!

ФК Вардар неодамна во баражот со ФК Скопје се избори за место во Првата лига по две сезони поминати во Втората.

Но, борбата за клубот финансиски да застане на стабилни нозе се уште трае, а денес пристигна помош од Општина Ѓорче Петров. Градоначалникот, Александар Стојкоски објави дека остварил средба со „Комити“ на која се договориле Вардар да го користи фудбалското игралиште во Волково.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Планирано е на овој терен да тренираат младинските категории.

„ФК Вардар е најголемиот фудбалски и спортски бренд во Република Македонија и тој мора повторно да блесне во истиот сјај и да се издигне на пиедесталот.

Денес на средбата со претставниците од навивачката група Komiti Skopje кои што во изминатиот период макотрпно работат на издигнување на клубот, но и на националната свест,  договоривме фудбалскиот клуб Вардар да го користи фудбалското игралиште во Волково, каде што ќе тренираат младинските категории и сите оние кои што ќе имаат потреба од теренот.

По убавата вест за влегувањето на клубот во првата македонска фудбалска лига, оваа помош од Општина Ѓорче Петров ќе придонесе во решавањето на проблемите на ФК Вардар на долг рок.

Наш императив е поддршка и развој на спортот, а ситуацијата на ФК Вардар е вистинска можност да покажеме човечка и спортска емпатија. Токму поради тоа се одлучивме на овој чекор.

Вардар е Македонија, Македонија е Вардар!“, објави Стојкоски на својот Фејсбук профил.

Претходно Вардар доби помош од Општина Аеродром која започна со реконструкција на терен кој клубот треба да го користи за натпревари и тренинзи. Помош пристигна и од Кисела Вода од каде што пред баражот со Скопје беа уплатени еден милион денари на сметката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …