Вчера во јавноста стигна вест за несреќата која ја имал резервниот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По освоената титула со ПСЖ, Рико отпатувал за Шпанија каде што доживеал несреќа при проштетка со својот коњ. Сега неговото семејство откри детали за несреќата и изрази надеж за добри вести.
„Серхио Рико отпатува од Стразбур за Малага по освоената титула, клубот беше информиран и доби дозвола. По краткото време кое го помина со семејството се упати кон Понтификал со коњ. На патот доживеа несреќа при судар со животни и доби удар од разбеснат коњ.
Серхио сега е во добри раце и се бори да се опорави, ја добива најдобрата нега. Мораме да бидеме претпазливи, посебно во следните 48 часа“, објави семејството на голманот.
Comunicado oficial | Sergio Rico pic.twitter.com/BuUzob1IWy
— You First (@TeamYouFirst) May 28, 2023