Денес во Англија не се играат натпревари од Премиер лигата, а целото внимание е насочено кон натпреварот „Вембли“ по кој ќе го дознаеме новиот премиерлигаш.
За место во Премиер лигата од 17:45 часот ќе се борат Ковентри и Лутон. Како што е познато овој натпревар го носи и епитетот најскап затоа што победникот добива најмалку 170 милиони фунти во следните три сезони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ковентри и Лутон се два стари клубови со богата историја, но во еден момент од своето постоење беа и петолигаши, сега 90 минути ги делат од влез во друштвото на најдобрите. Ковентри во 1987 година го освои ФА Купот, но во Премиер лигата не играл повеќе од 20 години.
Лутон го освоил Лига купот во 1988 години, а никогаш не играл во Премиер лигата од кога се игра во ваков форма. Лутон испадна во 1992 година од првата англиска лига и од тогаш не се врати.
Во сезоната 2017/2018 двата клуба играа во четвртата лига, па заедно напредуваа два ранга погоре и во 2020 година стигнаа до Чемпионшиш. Сезонава во двата меѓусебни натпревари одиграа реми 1:1 и 2:2.
Без разлика кој тим и да победи ќе биде интересно да се гледа наредната сезона во Премиер лигата.