Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека нема да се променат трансфер плановите бидејќи клубот следната сезона ќе игра во Лига Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Запрашан дали недостатокот на финансиите од Лигата на шампионите ќе ги променат плановите на трансфер пазарот, тој одговори:
„Не верувам дека ќе биде така, но ќе видиме. Секогаш е тешко во преодниот рок, колку е фудбалерот подобар, толку повеќе клубот нема да сака да го пушти. Подготвени сме за тоа. Има долга пауза и предсезона, има доволно време“, објаснува Клоп.
Салах испрати драматична порака и истакна дека е уништен поради неиграњето во Лигата на шампиони.
„Салах само опишал како се чувствува и тоа е сосема нормално. Иако знаев дека нема да имаме шанси по мечот со Астон Вила, сега и јас подвлеков дека тоа е завршена работа. Беше јасно дека Њукасл и Јунајтед ќе освојат по еден бод.Сепак, јас го видов Салах во кантината пред еден час и беше навистина добар“, истакна Клоп.