Една од најголемите трансфер саги ова лето се заврши со несреќен крај за Батселона, а медиумите ја открија вистинската причина.
Имено, Кутињо беше трансфер цел број еден на Каталонците, но на крајот Ливерпул одолеа на понудите и го задржа Бразилецот на „Енфилд“.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Барселона официјално потврди дека трансферот не се реализирал бидејќи „црвените“ барале 200 милиони евра за неговата слобода, но денес „Билд“ откри дека Ливерпул бил спремен да го продаде, но само под еден услов.
Имено, Ливерпул пронашол замена за Кутињо и чекал зелено светло од играчот за да му дозволи на Кутињо да се пресели на „Камп Ноу“.
Станува збор за Томас Милер од Баерн Минхен, за кого „црените“ биле спремни да платат 120 милиони евра. Меѓутоа, Германецот ја одбил секоја можност да се пресели во тимот на Јирген Клоп.
„Билд“ тврди дека тоа е главната причина за пропаѓањето на трансферот на Кутињо, доколку Милер со согласел да се пресели на „Енфилд“, денес Бразилецот ќе беше член на Барселона.