Дома Трансфер зона Анчелоти го потврди првото засилување на Реал Мадрид!

Анчелоти го потврди првото засилување на Реал Мадрид!

Реал Мадрид вчера го победи Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски со 2:1, а по натпреварот тренерот Карло Анчелоти го потврди првото засилување за „кралевите“ во наредната сезона.

Во прашање е соиграчот на македонскиот голман Столе Димитриевски, Фран Гарсија. Гарсија е поранешен младински репрезентативец кој сезонава е незаменлив во редовите на Рајо и одигра 37 натпревари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


23-годишникот е продукт на младинската школа на Реал и играше за „Б“ тимот на Реал Мадрид. Дресот на Рајо го носи од 2020 година кога прво замина на позајмица, а потоа клубот за два милиони евра го откупи неговиот договор.

„Фран Гарсија е лев бек кој носи многу енергија во себе. Брз е кога ја има топката во свој посед и одличен во нападот. Одговара на стилот на игра на Реал и во следната сезона ќе биде со нас“, изјави Анчелоти потврдувајќи го првиот летен трансфер на шпанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …