По вчерашното реми со Њукасл, Лестер е многу блиску до преселба во Чемпионшип, а поради испаѓањето ќе има промена и на тренерската позиција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На „Кинг Пауер“ сега покажале желба да го доведат поранешниот менаџер на Челзи, Грем Потер.
Потер на самиот почеток од сезоната го замени Тухел во Челзи и го напушти Брајтон со кој му одеше одлично. Сепак, во Челзи ги немаше посакуваните резултати и не го дочека крајот на сезоната. Од друга страна Брајтон и без него одигра одлична сезона.
По лошите резултати со Челзи нема премногу понуди, но сега е на мета на Лестер кој е пред преселба во понизок ранг. Пред Брајтон Потер ги водеше Свонси, Естерсунд и Лидс Карнеги.