Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ, пренсуваат италијанските медиуми.
Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.
Најсилен интерес за Брозовиќ покажува Барселона, која е спремна да му понуди на Интер трампа со Френк Кеси.
Интерес за Хрватот покажува и Њукасл, кој е спремен да понуди 30 милиони евра, опција која на „нероаѕурите“ повеќе им одговара.