Дома Фудбал Англија „Ачерби е добар, но не можете Халанд да го чувате „еден на еден““

„Ачерби е добар, но не можете Халанд да го чувате „еден на еден““

По завршувањето на вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид познати се финалистите во најелитното европско натпреварување.

Како и на голем број натпревари досега така и во финалето, Ерлинг Халанд ќе биде прв напаѓач на Манчестер Сити во финалето против „нероаѕурите“. Норвежанецот оваа сезона на 49 натпревари постигна 52 гола од кои 10 на 12 натпревари во Лигата на шампионите.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По вчерашниот натпревар поранешниот дефанзивец, Даниел Адани зборуваше за тоа како Интер би го запрел Халанд.

„Не може еден човек да го чува Халанд. Ачерби е навистона добар, но ако Халанд го чувате еден на еден, не смеете да дозволите да ве почуствува. Но, тоа ќе се случи порано или подоцна. Затоа потребни се промени. Со Жиру можете констатно да бидете во дуел еден на еден 90 минути, со Халанд не“, изјави Адани.

Сепак, треба да се спомене и дека Халанд не постигна ниту еден гол во двомечот против Реал, посебно во првиот натпревар беше одлично чуван од Рудигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Автомобилот на Диого Жота целосно изгорен – снимка од местото на трагедијата (Видео)

Фудбалскиот свет е во шок поради трагичната сообраќајна несреќа во која животите ги загуби…