Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија! 🎥

Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија! 🎥

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се одигра финалето во женскиот фудбалски Куп на Македонија кое заврши со убедлива победа на Љуботен против Каменицца Саса со 4:0.

Актуелните фудбалски шампионки на Македонија и лидери во првенството за првпат во својата историја дојдоа до титулата во Купот на Македонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До победата тетовскиот тим дојде предводен од Бразилките во своите редови. Се започна со голот на Делгадо по 18 минути игра, а Гоја две минути подоцна ја зголеми предноста. За убедливи 3:0 се погрижи Едите Силва со голот во 51-та минута.

Конечните 4:0 ги постави Бојана Петкова по асистенцијата од Силва. Љуботен е блиску до титулата во првенството каде што имаат бод предност пред последните две кола во кои играат против Шкендија и Каменица Саса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…