Дома Трансфер зона Клоп: Задоволен сум од тимот, но во јануари…

Клоп: Задоволен сум од тимот, но во јануари…

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не ја исклучи можноста да привлече нови играчи за време на зимскиот преоден рок.

Германецот истакна дека е задоволен од тимот, но можно е во јануари да биде активен на трансфер пазарот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Во овој момент, да, задоволен сум од тимот кој го имам на располагање. Меѓутоа, ќе видиме како ќе изгледаат работите во јануари. Имаме доволно долг состав за да играме во сите турнири и да стигнеме што е можно подалеку. Тоа е нашиот план, но не исклучувам доведување на нови играчи во јануари“, истакна Клоп, кој потоа го коментираше последното засилување, Алекс Окслејд Чемберлејн.

„За него ова е нов почеток. Тешко е да се адаптираш во нов клуб, но Алекс тоа го прави на перфектен начин“, заклучи германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…